среда, 28. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

СтојаноскаНудиме силно партнерство помеѓу државата и приватниот сектор

СтојаноскаНудиме силно партнерство помеѓу државата и приватниот сектор

Денес, заедно со генералната секретарка на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ, Лилјана Затуроска, и со дел од кандидатите за пратеници во ИЕ6, ја посетивме фабриката за производство на тули “Тулана”–Гостивар.

Во разговор со сопственикот бевме информирани дека во последните 36 месеци од владеењето на Зоран Заев активно работел само 9 месеци. Ова е тој важен показател, во кој правец се движела еконимијата во Република Македонија.

ВМРО-ДПМНЕ со проектот “Обнова” се обврзува на мерки, кои директно ќе влијаат на подобрување на бизнис климата во приватниот сектор: намалени даноци, намалување на парафискалните и квазифискалните давачки.

Нудиме силно партнерство помеѓу државата и приватниот сектор. На вас останува да одлучите дали ќе има повеќе за кланот Заеви или ќе има повеќе за чесниот стопанственик.

#ОбноватаДоаѓа

Најнови вести