недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојаноски: Образованието мора да биде обновено, тоа е основата и темелот на секоја држава

Стојаноски: Образованието мора да биде обновено, тоа е основата и темелот на секоја држава

Денес, заедно со носителот на листа во ИЕ2 Владо Мисајловски, остваривме средба со просветните работници од Ѓорче Петров.

Квалитетното образование претставува столбот за прогрес и градење на стабилна иднина.

Ги ислушавме предизвиците со кои секојдневно се соочуваат, како инфраструктурни, така и организациски, што се рефлектира на најмладата популација – која е иднината на нашата држава.

ВМРО-ДПМНЕ во Проектот за Обнова на Македонија има бројни проекти и мерки за унапредување на образованието, меѓу кои за ѓорчепетровци како поважни ќе ги издвоиме проширувањата на капацитетите на основните училишта Димитар Поп Георгиев Беровски во Хром и Тихомир Милошевски во Ново Село, за да им овозможиме на овие дечиња да учат во нормални услови.

Образованието мора да биде обновено, тоа е основата и темелот на секоја држава.

Обновата ќе победи!

#ИсправиСеМакедонијо
#ОбноватаЌеПобеди
#ОбноваНаМакедонија

Најнови вести