Денеска имавме прекрасна можност да поразговараме со младите луѓе од Ѓорче Петров и да ги претставиме проектите кои ги има во нашата програма со цел да се надминат проблемите со кои тие се соочуваат. Младите луѓе се столбот во оваа држава и ние од ВМРО-ДПМНЕ мислиме дека нашата држава ќе биде силна колку што се силни младите луѓе во нејзе.
Изминативе 30 години имаат доста проблеми, a ние сметаме дека со концептот за обнова на државата тие проблеми ќе можеме да ги надминеме.
Младите во ВМРО-ДПМНЕ ќе имаат најсериозен сојузник. Ние ќе бидеме тука да разговараме со нив и да им погнеме да ги надминат предизвиците во нивните животи. Имаме безмалку 12 страници во програмата кои се посветени токму на нив и се спомнати преку 172 пати.
Тоа значи дека безмалку на секоја страна од програмата на ВМРО-ДПМНЕ младите ќе имаат можност да најдат некој проект кој што ќе им ги олесни нивните животи.
Во наредните 20 дена ќе бидеме присутни на терен и ќе разговараме со сите млади луѓе. Оваа држава заслужува силна младина, а овие млади луѓе заслужуваат да живеат во безбедна и просперитетна Република Македонија.