Една од најубавите општини во западна Македонија, но за жал полни две години е заборавена од локалната власт а веќе трета година како што ја нема на мапата на економијата и крупните инфрапроекти на владата на Република Македонија, изјави денеска пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Дафина Стојановска.
Во општина Маврово и Ростуше нема ниту еден крупен капитален проект, ниту изведен, ниту во намера да се изведе. Со ребалансот на буџетот за 2019 година ниту еден капитален проект, ниту едно планирано реновирано училиште или нова градинка, или спортски објект, или рестарвација на некој од патиштата кои што се горливи проблеми за жителите на овој крај.
-За ребалансот на буџетот јас и колегата Горан Манојлоски поднесовме мноштво на амандмани меѓу кои имаше и такви кои што се однесуваа на овој крај. Но, ниту еден не беше прифатен. Годината 2019 оваа влада ја нарече како година на економијата, но за жал ова е година во која што владее рекет., царуваат криминалот и корупцијата, а во здравството и образованието веќе трета година владее насилство и не се знае кој врз кого врши насилство а на улиците се повеќе излегуваат народ од земјоделци, од учители, од културни работници, полиција и армија. Тоа е она што оваа влада навистина не го вети а го реализираше. Додека се што таа стави на хартија барем досега а им останува само уште една година на владеење ништо нема реализирано, вели Стојановска.
Затоа е време оваа влада што побрзо да си замине и да се испрати на местото која што самата и го заслужи.
-Денес со жителите на Маврово и Ростуше ќе ги споделиме нивните проблеми, истите ќе ги нотираме и во наредниот период за нив ќе најдеме решенија, кои што ќе бидат дел од идната предизборна програма на ВМРО-ДПМНЕ. Затоа што на Македонија и треба обнова на општина Маврово и Ростуше. Таа обнова дефинитивно ќе ја добијат само со ВМРО-ДПМНЕ и со луѓе кои што се грижат и кои што се заинтересирани со сите краишта подеднакво во Република Македонија, додаде пратеничката.