Во вчерашната емисија „Само вистина“ гостуваа Јани Макрадули, заменик министер за животна средина и еко активист, Татјана Стојановска кои дебатираа за проблемите кои преовладуваат во животната средина и загадувањето на воздухот.
Стојановска го потсети Макрадули дека во септември, минатата година беше упатено барање од повеќе граѓански организации со мерки кои треба да ги преземе Владата, но они презеле многу мал дел од тоа и морам да кажам и тоа најопштите. Затоа што се таму многу поконцизни мерките наведени кои што требало да се имплементираат. Планот на министерството е план „ЌЕ направиме“. „ЌЕ“ се донесе законот, тоа е повеќе декларација отколку план за намалување на загаденоста на воздухот.
Ние декларативно ова ќе направиме, она ќе направиме. Велите 1.000 објекти, дали знаете кои се тие 1.000 објекти кои што ќе ги замените нели, запраша Стојановска. Макрадули одговара дека општините ќе си ги изберат. На тоа Стојановска возвраќа ама „ЌЕ“ повторно, во секоја ваша изјава или прес конференција постои само „ЌЕ“.