Пратеничката Дафина Стојановска денес до министерот за здравство Венско Филипче упати прашање за големото ветување на СДСМ во предизборната кампања, а тоа е бесплатното болничко лекување за сите граѓани на Република Македонија.
Имено, Стојановска го потсети Филипче на сите ветувања како што беа зголемување на дневниците за дежурства на лекарите, покачување на платите за лекарите, инфраструктурни проекти во здравството.
Стојановска нагласи дека се што денес гледаме се само бројни скандали и зголемен број на смртни случаи.
Таа додаде дека наместо посветен и квалитетен министер кој што требаше да спроведе бесплатно болничко лекување добивме само „тендер министер“.
Дафина Стојановска своето второ прашање го упати кон министерот за култура Роберт Алаѓозовски за скандалозните префрлања на средства на издавачката куќа на која што тој самиот е сопственик.
Таа додаде дека денес со Алаѓозовски во културата имаме само партизација, селекција, дискриминација и омаловажување на уметниците додека македонската култура благодарение на министерот служи за потсмев.