Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојановска од денешната расправа за законот за ЈО од говорницата истакна дека власта не носи европски закон затоа што во ЕУ нема вакво силување на правдата.
-Вие не носите европски закон, европското знаменце кое многупати досега го злоупотребивте, го искористивте за брзоплето и противуставно носење на закони, во ЕУ нема пример за вакво силување на правдата, вели Стојановска.
Стојановска вели дека власта воспоставува целосна контрола врз обвинителството, ова ВМРО-ДПМНЕ не е против носење закон за ЈО за тоа сведочи преговарачката група која седна на маса за сето тоа да се стави во мирување и министерката Дескоска рече дека немало потреба од брзање за законот бидејќи предметите од СЈО се пренеле во ЈО пред очи на јавноста, неаконски видовме како.
На расправата по законот само двајца или тројца се согласија со тогашното законско решение, и да истакнеме дека сегашниов предлог законски текст е сосема друг
кое во понеделникот на шверцерски начин стигна во парламентот .
Констатираше дека јавната расправа очигледно беше организирана за да купи време, немање капацитет и почитување на опозицијата за која власта „се чукаше во гради“, дека ја почитува. Овој предлог закон е за трета амнестија на Заев, овој предлог закон е да имате ваш обвинител кој ќе обвинува под контрола на Заев, овој закон е за доуривање на одамна руинираниот правен систем, противуставен и за префрлање на констатираниот криминал од СЈО во ЈО.
Со Членот 110 ќе се амнестираат Заев и Јанева,а Јовевски и Русковска ќе можат да се сменат со само двотретинско мнозинство од Советот на јавни обвинители, што говори на намерите на Заев по 12-ти април да и избега на правдата.
Времето на Зоран Заев завршува, но нема да заврши неговата одговорност пред законите кога и да е,не може да не одговара за целиот овој криминален мандат, вели Стојановска од собраниската говорница.