среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стојко Пауновски: СДСМ велат дека е приватизирана партија

Стојко Пауновски: СДСМ велат дека е приватизирана партија

Стојко Пауновски, разрешениот директор на Пазарниот инспекторат во интервју за 24 Телевизија се пожали дека против него се води хајка и обид да се претстави како одметник од СДСМ.

Пауновски се спротивстави на диктатот на Владата да вработува несоодветни кадри во инспекторат од рамковните вработувања и за истото, како што вели, упатувал писма до Владата за да остави трага и потоа неговата одлука да не се злоупотребува.

-Сум пишувал писма за оставам трага, за некој утре задутре не ми пререче, како што сакаат сега хајка да се води од “херој“ да испадне “одметник“. Они може да ме истераат од партија? Ако е нивна партијата, ако станала навистина, она што го кажуваат сите, приватна партија може да го направат. Меѓутоа јас сум од 1991 година, од кога се основала СДСМ, рече Пауновски.

Тој истакна дека не го следел Конгресот на матичната партија и истакна дека не го ни интересирал Конгресот на СДСМ.

Најнови вести