Здравата и чиста средина е право на секој граѓанин, а обврска на државата. До сега видовме многу ветувања и предлози за подобрување на условите на сите граѓани во Македонија, особено во последните три години. Шилегов и Богдановиќ и владата на СДСМ, ветуваа кули за прочистување на воздух, враќање на узурпирани површини, вертикални градини, енергетски фасади, а Шилегов вети дека Скопје ќе стане европска престолнина на чистиот воздух, вели во своето видео обраќање кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Велика Стојкова Серафимовска
За жал Скопје се искачи на врвот на листата, но по загадување во светот, а сите проекти остана не реализирани.
Во програмат на ВМРО-ДПМНЕ, „Обнова на Македонија“ ветуваме и се обрзуваме на реални проекти, од кои што 30 отсто се зеленило за секое мало, проектот урбана шума, за пошумување на градовите во Македонија, како и регулирање на загаденоста.
На 15-ти јули заокружете го бројот 14 за здрава и чиста животна средина за секој граѓанин, повикува кандидатот за пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во ИЕ1 Стојкова Серафимовска.