Јас сум доктор на науки од областа на културната антропологија и УНЕСКО-ов експерт за нематеријално културно наследство. Моето образование и етички кодекс како научник и професор налага, пред сE, почитување на културната разноликост и културните експресии. Етничката и културна разновидност е најубавиот атрибут на Македонија, а моето почитување кон различните култури и етнички заедници во Македонија сум го покажала на дело и со резултати, стои во Фејсбук објавата на пратеничката Велика Стојкова Стефановска која е од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.
Таа напиша дека жали што нејзините колеги пратеници од пратеничката група на СДС Санела Шкријељ и Зеќир Рамчиловиќ очигледно немаат капацитет да ги разберат нејзините обраќања, а во конкретниов случај јасно беше кому се обраќаше бидејќи говорот има и јасна гестикулација.
– Идентитетот може да биде етнички, религиозен, родов, политички, социјален, културен… Во овој случај „збунетиот идентитет“ се однесуваше на сите пратеници од ПГ на СДС кој денес предавнички и безсрамно се откажаа од македонскиот идентитет. Ќе ја разберам колешката Санела Шкријељ, неодамна влезе во парламентот, но за Зеќир Рамчиловиќ, кој втор пат врши предавство на Македонија, не разбирам со кој ли ум измислува нешто што не е ниту помислено. Е не е лесно да си предавник, додава таа во својот Фејсбук статус.