Генералниот секретар на НАТО по средбите во Скопје заминува за Атина каде што вечер ќе има работна вечера со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, посетата на Грција на Јенс Столтемберг ја најавија од прес центарот на НАТО, но и од кабинетот на грчкиот премиер.
Според соопштението од НАТО, =генералниот секретар денеска и утре ќе биде во Грција, а вечер ќе се сретне со Ципрас.
Од кабинетот на грчкиот премиер соопштуваат дека Алексис Ципрас утре ќе се сретне и со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дриан кој е во работна посета на Атина. (МИА)