четврток, 14. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоматолозите предупредуваат дека се соочуваат со сериозни проблеми како и со хиперпродукција на кадри

Стоматолозите предупредуваат дека се соочуваат со сериозни проблеми како и со хиперпродукција на кадри

Хиперпродукција на кадар, лоша прераспределба на фондовските пари, нелојална конкуренција и борба за да не се стави клуч на врата на ординациите посебно во внатрешноста. Со овие проблеми децении наназад се соочуваат стоматолози во земјава, анализира телевизија Сител.

Од стоматолошкото друштво на Македонија укажуваат дека годишно на петте факултети се запишуваат и до 400 студенти, а на специјализација 200. За споредба во Словенија држава со приближно ист број на жители секоја година примале само 50 студенти.

Хиперпродукцијата директно влијае и на мрежата и бројот на ординации е далеку поголем од ЕУ стандардите, велат од стоматолошкото друштво. Укажуваат дека проблемите почнале со лошата и нецелосна приватицација како нелојалната конкуренција од Стоматолошкиот клинички центар.

Од Стоматолошкото друштво предупредуваат дека состојбата станува алармантна и мора да се преземат мерки. Предлагаат буџетските пари да се прераспределат кај оние кои работат со пациентите, а матичните стоматолози да добиваат повеќе средства според сработеното, зошто во помалите места неизбежно ќе биде затворањето на ординациите бидејќи и бројот на приватни пациенти од кои опстојувале поради иселувањето драстично бил намален.

Извор: СИТЕЛ

Најнови вести