недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стомнароски: Оваа година откупот на тутун беше катастрофален

Стомнароски: Оваа година откупот на тутун беше катастрофален

Оваа година откупот на тутун беше катастрофален. Прво, многу цената беше ниска, целиот откуп беше со проблеми, а фирмите воведоа годинава нивни шифри што тие само си ги знаат и тутунот го купуваа по шифри, а не по класи како што е по правило, истакна Менде Стомнароски од Сојуз на тутунари во гостување во емисијата „24 Анализа“.

Стомнароски додаде дека и така фирмите го враќаа тутунот на граѓаните и скапуваше поради нив.

„И да се надеваме сега дека до среда, овие два дена ќе ја зголемат динамиката фирмите и дека ќе го дооткупат“, нагласи Стомнароски.

Стомнароски посочи дека за ова што се случува со тутунот оваа година е власта, во Законот за тутун има пропусти. -Пропустите треба да се вметнат во истиот Закон за да не се случува во иднина што сега се случуваше.

Најнови вести