вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Стоп за политичкиот прогон: Со голема загриженост ги следиме обидите на Кривичниот суд преку двојни аршини да донесе пресуда за случајот ТНТ

Стоп за политичкиот прогон: Со голема загриженост ги следиме обидите на Кривичниот суд преку двојни аршини да донесе пресуда за случајот ТНТ

Фејсбук страната „Стоп за политички прогон“ преку својот Фејсбук профил испратија соопштение до јавноста во кое пишуваат декатие со сериозно внимание и голема загриженост ги следат обидите на Кривичниот суд преку двојни аршини и на сила да донесе пресуда за случајот на криминалното СЈО во јавноста познат како ТНТ.

-Граѓанската иницијатива “Стоп за политичкиот прогон” со сериозно внимание и голема загриженост ги следи обидите на Кривичниот суд преку двојни аршини и на сила да донесе пресуда за случајот на криминалното СЈО во јавноста познат како ТНТ. Не загрижуваат информациите во јавноста за двојните аршини на Кривичниот суд каде што во случајот Ласкарци поротничката Славица Шандовска поради истек на четири годишниот мандат повеќе не е дел од судечкиот совет додека нејзината колешка Лилјана Кочковска која исто така има истек на мандатот а е поротник во случајот ТНТ продолжува да биде дел од судечкиот совет. Бараме да се почитува и членот 80 ставот 5 од Законот за судовите во Република Македонија во кој јасно стои дека со навршување на 60 години старост треба да престане мандатот на судијата – поротник што е причина плус на истечениот мандат кај поротникот Лилјана Кочковска, потенцираат тие.

Тие додаваат дека ги повикуваме надлежните институции, Судскиот Совет и сите останати соодветно да реагираат на обидите за насилно донесување на незаконски политички пресуди во пресрет на договорените предвремени парламентарни избори.

Ги повикуваме граѓаните на Република Македонија со внимание да ги следат сите случувања поврзани со обидите за насилно, спротивно на Закон завршување на случајот ТНТ.
Доколку биде потребно како граѓанска иницијатива ќе излеземе и на улиците за гласно да порачаме ДА ЗА ПРАВДАТА но СТОП ЗА ПРОГОНОТ!

Со почит,
Граѓанска иницијатива
Стоп За Политичкиот прогон, стои во нивниот пост на Фејсбук.

Најнови вести