сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал, за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони“

„Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал, за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони“

Стопирањето на продажбата на Славија е признание за матниот бизнис, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста го разоткрија овој криминал, за 200 илјади евра продаваа имот вреден 20 милиони. Власта сакаше за 200.000 евра да ја распродаде Славија која чини над 20 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ и јавноста ја спречија, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека само управната зграда на Славија со земјиштето под и околу неа има вредност од над 9 милиони евра, магацините во Кисела Вода имаат вредност од над 4 милиони евра.

– Бројните деловни простори и магацини од околу 6 милиони евра. И сето ова некој близок до власта требаше да го земе за 200.000 евра. Брзата реакција на ВМРО-ДПМНЕ и гласот на народот го спречи овој грабеж. Власта уплашена дека е фатена во правење на матна бизнис зделка за која мора да има одговорност во паника запре, се вели во партиското соопштение.

ВМРО-ДПМНЕ додава дека нема да дозволи власта да распродава по багатела, а народот да страда.

Најнови вести