Наутро ќе биде студено, а преку денот сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од три до 13, а максималната ќе достигне од 22 до 29 степени.
Во Скопје сончево со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до осум, а максималната ќе достигне до 26 степени.
УХМР информира дека следува период на стабилно и релативно топло време. В недела попладне и во понеделник облачноста ќе се зголеми, ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер и дневната температура ќе опадне за пет до седум степени.
Од вторник температурата повторно ќе биде во постепен пораст.