четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Студентските домови нема да бидат отворени до крајот на академската година

Студентските домови нема да бидат отворени до крајот на академската година

Студентските домови нема да бидат отворени до крајот на актуелната академска година, изјавија за Факултети.мк од Министерството за образовани и наука. Оттаму објаснуваат дека сè уште нема соодветни услови за да бидат отворени домовите.

Студентите што живеат надвор од Скопје и се сместени по студентските домови во последните десетина дена се во недоумица и постојано прашуваат кога ќе бидат отворени домовите. На 19-ти мај беше донесена одлуката за пролонгирање на јунската сесија на УКИМ.

-Универзитетското студентско собрание на УКИМ тие упатија апел да се отворат домовите за да можат соодветно да се посветат на јунската испитна сесија. Тие дури посочуваа дека очекуваат посебен протокол за безбедна работа на студентските домови, што би се однесувала и на студентите и на персоналот на домовите, пренесува порталот.

Академската година завршува на 30-ти септември.

Најнови вести