вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Стушките средношколци на протест, бараат притвор за наставникот кој претепа нивен соученик

Стушките средношколци на протест, бараат притвор за наставникот кој претепа нивен соученик
илустрација

„Стоп на насилството“, „Бараме казна“, „Не сме безбедни“, со вакви пораки денеска средношколците од струшката гимназија „Ибраим Темо“ излегоа на протест пред Основниот суд во Струга по вчерашниот инцидент во кој професор со тврд предмет повреди нивни соученик. Гневни на одлуката на Обвинителство за ослободување на професорот бараа притвор за професорот насилник. Во знак на револт учениците денеска ја бојкотираа и наставата.

„Вакво нешто не смее да се случува. Бараме притвор, не смее да биде пуштен на слобода. Ние одиме на училиште за бидеме безбедни, не сакаме да одиме со страв во школо“, вели Сара Кадриоска ученичка од средното училиште „Ибраим Темо“.

Од Основното јавно обвинителство Струга велат дека се работи на прибирање докази по што ќе следи одлука за постапка.

„Постапката завршува со обвинение, за почеток се преземаат дејствија. Обвинителството е известено за настанот, во моментов се дадени насоки и наредби за постапување до МВР за преземање на дејствија за расчистување на настанот и потоа ќе следи одлука. Со тоа што обвинителството ја води постапката и сега е таа фаза кога се прибираат материјални и вербални докази“, велат од Основното јавно обвинителство.

Од СВР Охрид изјавија дека се работи на расчистување на случајот.

„На 23.12.2021 година во ОВР Струга приведен е Е. С. (57) од Струга, кој во средното училиште ‚Ибраим Темо‘ во Струга го нарушил јавниот ред и мир и со метален предмет физички нападнал ученик во истото училиште. СВР Охрид поднесе кривична пријава против професорот поради постење основи на сомнение за сторено казнени дело насилство“, вели Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.

Кривичната пријава денеска ќе биде поднесена до Основното јавно обвителство.

Во вчерашниот инцидентот кој се случи во зградата на училиштето, ученик од втора година беше нападнат и повреден од професор по англиски јазик со, како што тврдат очевидците, железен боксирач.

Насилството се случило во попладневните часови, по што професорот се заклучил во својот кабинет, а учениците се обиделе да влезат кај него, но за среќа не дошло до поголем инцидент.

„Слушнав гласини од учениците, викотници. Тој беше заклучен во кабинетот по англиски, а учениците беа собрани пред врата да го претепаат. Наставниците и јас се трудевме максимално да не дојде по поголем инцидент оти во тие моменти учениците беа излезени, можеа и да го убијат“, вели Бесиме Јонузи директорка на ОСУ „Ибраим Темо“.

На вчерашниот инцидент му претходела вербална расправија во која професорот навредувал негова колешка, по што физички бил нападнат ученикот кој се обидел да му се спротивстави. Нападнатиот ученик со повреди на левата страна од главата заврши во болница, а професорот беше приведен во полиција.

Од Струшката болница велат дека детето било примено со тешки повреди и веднаш било пренесено на Хируршкото одделение, а по санирање на повредите било пуштено на домашно лекување.

57- годишниот професор по англиски јазик, кој е суспендиран од работа, и претходно се заканувал на колеги за што бил пријавуван во полиција.

Најнови вести