вторник, 13. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци продолжува на 28 ноември

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица продолжува на 28 ноември.

На денешното рочиште требаше да биде сослушан вештакот Јосиф Ќосев од електротехнички факултет, но одбраната реагираше дека тој нема лиценца за вешто лице.

Судечкиот совет по советување, рече дека за судот наредбата за изработка на вешт наод и мислење неспорно е испратена до ФЕИТ и изработениот вешт наод и мислење е од оваа институција, но дека Судот ќе побара мислење дали институцијата има два вештаци со лиценца.

– Судот писмено ќе се обрати до институцијата и по добиениот одговор ќе утврди дали овој вешт наод може да се изведе и застапува од овој професор, изјави судијката Диана Груевска Илиевска.

Застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа што се случи на 13 февруари годинава кај селото Ласкарци, во која загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени обвинети се шест лица.

Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Најнови вести