Кадија те суди, кадија те лечи- вака некако изгледа македонското судство среде корона-кризата. Денешното рочиште за “Талир” се одложи затоа што Кирил Божиновски, еден од обвинетите е заразен со ковид и со тешки симптоми.
Судијата Осман Шабани при одложувањето на рочиштето, нагласи и инсистира, односно нареди од сега натаму, сите заразени и болни со ковид, без разлика на резултатот на тестовите, по 20 дена мора да биде присутен на судење.
Така било согласно здравствените протоколи, дека за 20 дена короната се лечела. Така што, на закажаното рочиште на 9 декември, без разлика дали Божиновски ќе е се уште позитивен или со симптоми, тој ќе мора да биде присутен во судницата.
По ова може да се заклучи дека притисокот од власта врз судот е огромен, бидејќи без таков притисок ниеден судија не би си презел таква улога да прогнозира колку ќе трае болеста. Се работи за предмет почнат од СЈО против ВМРО-ДПМНЕ и за кој што власта посакува пресуда против опозицијата.
При таков притисок судиите можеби ќе наредат вклучените во процесот да бидат исклучени од кислородна поддршка, само и само да удоволат процесот да продолжи.
Или пак можеби судијата Осман Шабани самоволно посакува да конкурира за член на Комисијата за заразни болести?