вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судијата Туфегџиќ јавно реагира: Непристојни навреди за Данела Арсовска, дури и од советници во Владата!

Судијата Туфегџиќ јавно реагира: Непристојни навреди за Данела Арсовска, дури и од советници во Владата!

„Читам лавина на навредливи и недолични коментари, дел и на лична основа, за кандидатот Данела Арсовска, за жал и од луѓе ангажирани и платени како советници во Владата“, пишува судијата Владимир Туфегџиќ на Фејсбук:

„Жената ниту ја знам ниту ја познавам но го прочитав нејзиното респектабилно СВ и сосема е логично што навредливите коментари не доаѓаат од луѓе со елементарно воспитување и пристојност, бидејќи тие луѓе имаат елементарно ниво на почитување и џентлменство кога се работи за жена и дама.

Тоа е таа деформирана и искривена вредносна матрица која се провлекува и надградува во ова општество кај секоја власт со години наназад, вредносна матрица која се гради и негува да биде сама за себе и себична, не поднесува било каков противник а во недостаток на достоинствени аргументи, приземната навреда останува единствено оружје.

Како и да е, според реакциите овој кандидат сега за сега ја погоди темата“, пишува Туфегџиќ на Фејсбук.

Најнови вести