сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судијката Лазарова Трајковска: Уставниот суд важно е да завземе активна улога во следење на Уредбите со законска сила коишто ги носи Владата

Судијката Лазарова Трајковска: Уставниот суд важно е да завземе активна улога во следење на Уредбите со законска сила коишто ги носи Владата

Судијката Мирјана Лазарова Трајковска поранешна судијка на Судот за човекови права во Стразбург и актуелна судијка во Врховниот суд на Република Македонија, во вечерашната емисија „Што не е јасно“ на Алфа телевизија, истакна дека Уставниот суд треба да завземе проактивна улога во следење на Уредбите со законска сила коишто ги носи Владата.

-Уставните судови се важни во услови на вонредна состојба, за жал нашиот Уставен суд нема надлежност да дава претходно мислење таканаречено советодавно мислење на законодавецот, односно сега Владата којашто има улога на законодавец. Но Уставниот суд може веднаш да реагира по носењето на закон којшто би навлегов во кршење на човековите права, истакна судијката Лазарова Трајковска.

Судијката вели исто така дека за тоа е потребен проактивен суд и силен Уставен суд којшто активно ќе ги следи указите со законска сила и онаму каде што има основ да се интервенира.

-Постои законски основ Уставниот суд по службена должност да се појави во јавноста, но јас тоа не го очекувам, затоа што нашиот Уставен суд немал до сега таква проактивна улога, вели Лазарова Трајковска.

Таа потенцираше дека важна е улогата на Уставниот суд во ваква ситуација, меѓутоа и Владата може исто така да направи Советодавно тело од поранешни уставни судии, од професори на правниот факултет, со кои на дневна основа ќе се консултира во однос на издржаноста и уставноста на некои дејствија и какви би биле последиците од некои закони кои се донесуваат.

Таа вели дека во ваква ситуација на вонредна состојба целта треба да е што помалку да се навлегува во ограничувања на правата и слободите на граѓаните , затоа што би имало основа за предмети пред нашите судови и Судот за човекови права.

Најнови вести