недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судот малтретира обвинети со години, додека обвинетите за демолирањето на канцеларијата на Иванов експресно добија условни казни

Судот малтретира обвинети со години, додека обвинетите за демолирањето на канцеларијата на Иванов експресно добија условни казни

На денешното рочиште за случајот „Насилство во општина Центар“ на обвинетиот Даниел Трипуновски, кој има дијагноза со висок притисок, шеќер во крвта, проблем со бубрезите и прима терапија за анкциозност и уште на почетокот на судењето му се слоши, се препоти и почна да повраќа при што беше повикана екипа на Брза помош.

Иако лекарите констатираа дека Даниел Трипуновски е видно вознемирен и доби инјекција за смирување, тие оставија судот да оцени дали ќе продолжи со судењето.

Судијата Душан Јосифовски не го прекина рочиштето иако повеќе од обвинетите побарале пауза.

Инаку на денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ одбраната го испитуваше и вештакот Мирослав Котевски, доктор по технички науки. Тој истакна дека снимката доставена до судот како доказ од страна на СЈО, согласно со записот од системот кога бил создаден разговорот меѓу, како што наведува СЈО поранешниот премиер Никола Груевски и тогашниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, бил остварен на 1 јуни 2013 година, но потоа бил модификуван на 14 август истата година во 12 часот.

На прашање на одбраната што значи модификуван, Котевски истакна дека можело да биде скратен, копиран, променет. Исто така, истакна дека постојат многу едноставни алатки достапни на пазарот кои овозможуваат модификација на снимките.

За потсетување додека судењето за „Насилството во Центар“ трае со години, насилниците кои беа обвинети за демолирање на канцеларијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов во април 2016 година, експресно добија условни казни од шест и 12 месеци.

Имено откако во април 2016 година поголема група на луѓе како дел од „Шарената револуција“ ја демолираа канцеларијата на претседателот, двајца од нив експресно беа условно казнети од судот.

Станува збор за Никола Аризанов и Филип Наковски кои учествуваа во толпа што ќе стори кривично дело, а истото го направиле на 13 април пред Народната канцеларија на Иванов.

Пред еден месец само за потсетување на јавноста повторно од почеток започна судењето поради истек на 90-те дена од претходното рочиште.

Судењето трае повеќе од три години, а обвинетите се жалат дека се повеќе се под притисок од судот.

Најнови вести