петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судот одреди притвор за екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Судот одреди притвор за екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски

Велешкиот суд му определи притвор на екс-претседателот на Кривичниот суд, Владимир Панчевски откако не се појавил на денешното рочиште а не бил присутен ниту неговиот бранител.

Информацијата први ја објавија од Коалицијата за правично судење кое го следи овој судски процес. Од велешкиот суд за Телма потврдија дека поради избегнување да прими покана определен му е притвор заради обезбедување на присуство на судење.

Притворот трае од денот на приведувањето до објавувањето на предудата, но не може да трае подолго од 30 дена. Пред една година скопското обвинителство поднесе обвинителен предлог против Панчевски за злоупотреба на службената положба во врска со АКМИС-от, системот за управување со судските предмети во Кривичниот суд.

Иако судењето требаше да почна наесен до сега овој судски процес се уште не е започнат со главна расправа. Апелација одлучи на Панчевски да му се суди во велешкот суд за да се избегне евентуална непристрасност бидејќи е поранешен претседател и поранешен судија во Скопскиот основен суд, пренесе Телма.

Најнови вести