Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за случаите „ТНТ” и „Траекторија”. Судењето за уривањето на комплексот „Космос” на инвеститорот Фијат Цановски треба да почне од почеток, откако вчера судијата поротник Лилјана Ивановска Кочковска поднесе неотповиклива оставка.
Од пи-ар аспект, познавачите на овој случај гледаат како на акт со кој судството директно влегува во шемата на актуелната влада. И помага ли „независното“ судство на владата да ги постигне своите цели, прашуваат експертите. Индикативно, во исто време кога владејачката СДСМ секој ден го почнува со утринско соопштение и „плашење“ за враќање на „режимот“, судот инсистра на забрзана постапка за случаи во кои се вмшани екс високи челници на опозицијата. Никој досега не даде логично објаснување – чуму ова е најважниот случај во државата и зошто толку се брза со него. Истото прашање, адвокатите од одбраната го поставија повече пати, но без логичен одговор.
За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.
Судењето за постапката за избор на компанија за изградба на автопатиштата Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, „Траекторија”, се наоѓа во доказна постапка и го води судијата Горан Бошевски, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.
Случајот се води против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски и ексдиректорот на ЈП Државни патишта Љупчо Георгиевски, како и против поранешниот премиер Никола Груевски.
.