среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судскиот совет разреши уште еден судија- станува збор за Софија Лаличиќ

Судскиот совет разреши уште еден судија- станува збор за Софија Лаличиќ

Судскиот совет на Република Северна Македонија на денешната седница донесе одлука со која е продолжена постапката по едно барање за утврдување на одговорност на судија/претседател на суд.

– Донесена е Одлука со која еден судија се разрешува од вршење на судиската функција поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција и истовремено донесена е Одлука со која времено се оддалечува од вршење на судиската функција до правосилно завршување на постапката, се вели во соопштението на Судскиот совет на РСМ.

Разрешената судијка, како што известија дел од медиумите е Софија Лаличиќ, од Кривичниот суд Скопје. Името на ова судијка се спомнуваше и во „бомбите” од незаконските прислушувани разговори објавени од опозицијата во 2015 година.

Министерот за правда Бојан Маричиќ пред неколку дена информираше дека досега се донесени одлуки за разрешување на 11 судии.

Најнови вести