Случајот ТНТ и официјално почна од почеток, иако е неизвесно на кој начин ќе почне судскиот процес ТНТ.
Адвокати на обвинитите реагираат на бројни пропусти во досегашното водење на рочиштата. Како пример го наведуваат тоа што на голем дел од доказите на судењата биле читани само насловите, што за нив е неприфатливо.
Затоа доколку денес има рочиште, одбраната и обвинетите заедно ќе одлучат за барањето на судијата процесот да се врати на повторно судење, но без повторно изведување на доказите туку само нивно читање.
За адвокатот Страшевски подобро да се изведат повторно, но ќе прифати како ќе одлучи мнозинството и нема да прави опструкции.
Има два начини. Едно да се изведат, второ да се читаат. По мене подобро да се изведат повторно меѓутоа ако се согласат сите и јас би се согласил, затоа што јас на пример само два часа имав извршено увид во постапката и од доказите не знам ништо. И едното и другото како ќе одлучат мнозинството јас ќе прифатам, нема да правам опструкции, зашто во интерес ни е да ја докажеме правдата и вистината, изјави Страшевски
Судијата Огнен Ставрев најави дека случајот се враќа од почеток со нови поротници. На вчерашното рочиште единствено не беше присутен поранешниот градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски.
Неговиот адвокат рече дека преку неговата сопруга бил известен дека не добил уредна покана.
На тоа се спротистави судијата, кој убедуваше дека курир дошол во неговиот дом, но оти никој не му отворил. Затоа судијата нареди Трајковски утре да биде стражарно доведен во судот.Трајковски самиот се појави денеска во судот.