понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Судството и обвинителството заробени од политички притисоци и влијанија

Судството и обвинителството заробени од политички притисоци и влијанија

Иако формално рочиштата на СЈО се јавни, сепак јавноста многу малку е информирана за реалните факти кои се случуваат во судот. Според извори во судот, најголем дел од присутните новинари се или партиски определени на некоја од поголемите партии, или сопствениците на нивните медиуми се партиски подржувачи, а пак најголем дел од присутните новинари се подржувачи на СДСМ и власта, а се жестоки противници на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, пишува порталот Денешен.мк.

-Така што се наметнува чуството дека тие нивното присуство во салата го разбираат како потреба да начекаат некој момент со кој ќе напишат нешто бомбастично против Груевски и другите во овој политички процес, или пак нешто да спинуваат со полувистина или невистина. Штом најдат нешто такво и напишат, тие си го одработиле денот. Ниту факти, ниту докази ниту вистината ги интересира, а најмалку правичноста и законското работење на судиите кои ги водат во овие процеси и судско политички хајки. Бобастични наслови без суштина. Па така, со извештаи далеку од суштината, никој не забележа многу значајни моменти ниту пак за нив објави, коментира за порталот извор присутен на судењата.

На пример, според него, досега не е објавено дека на големо се зборува низ судските коулари дека судските процеси се диригирани од еден центар. Дека некој ги собира токму овие судии и на дневна база ги координира како да помогнат на СЈО, како да ја надмудрат одбраната кога ќе излезе со силни предлози, барања и аргументи, како побрзо да ги завршат процеситеи да ги осудат обвинетите.

-Познавачите велат дека тој координатор во судот е претседателот на судот.  Истиот тој претседател кој во минатото нескриено пред колегите се декларирал за подржувач на ВМРО-ДПМНЕ, сега има прифатено неблагодарна обврска. Да одработи во корист на СЈО и СДСМ, координирајќи ги и покривајки ги судечките судии за прекршоците кои ги прават во постапката. И тој и тие делуваат како да вечно СДСМ ќе е на власт. Тој гледа да си ја одработи довербата која ја доби од Заев, а тие пак да одработат сопствено унапредување во повисок суд, или барем да небидат казнети на еден или друг начин, додава изворот.

Слабото судство е нотирано и во извештајот на Европската Комисија, а стратегијата на владата е без јасни одредници. Експертите велат дека судството е истоштено од политички влијанија и дека како никогаш порано не било толку подложно на политички притисоци.Ниту пак некој може да ги поправи грешките.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека неправедно обвинетите и нивната одбрана, на неделна база, прават нотирање на секој прекршок на секој поединечен судија, и за секој се води посебен записник на сторени прекршувања на законот и судската пракса, за кога ќе се сменат политичките околности, едно по едно, ослободените институции, во прв ред судскиот совет, а исто така и низ кривични постапки, да се процесираат сите прекршувања на секој поединечен судија, од таму додаваат дека нема да се заборави било кое прекршување на постапка и нарушување на нечие право.

-Ваквото однесување на судот го нотираат и самите адвокати. Сега се најопуштени, прават најмногу грешки кои по одредено време ќе бидат доволна основа за постапка против самите нив. Координацијата пак што ја прави претседателот на судот е незаконска. Тој согласно законските прописи не смее да се меша во работата на судиите по одредени предмети. Познавајќи ја природата на личноста на самите судии познавачите на состојбите велат дека сигурно дел од нив во некое идно, но не така далечно време ќе стане соработник на истрагата кој ќе се отвори против актуелниот претседател на Кривичниот суд, Иван Џолев и против повеќемина судии. Тоа тие го поткрепуваат со фактот што едноставно тоа оди така кога се прифаќа да бидат инструмент во некој политички диригиран процес, како што се случаите на СЈО, и случаите за настаните од 27ми април 2017та, коментира изворот.

Адвокатите кои ја практицираат и бранат правдата тврдат дека неопходни се драстични промени во судскиот систем, потребно е скенирање на состојбата и исправање на грешките. Слична евиденција на законски пречокорувања се води и за незаконското постапување на СЈО, но не групно или како институција, туку индивидуално кон обвинителите и истражителите.

-Базата на податоци за свесни манипулации, секојдневно се полни, па кога политичката реалност ќе се промени, за очекување е да има обвинители и нови судии кои ќе работат на предметите за злоупотербите на сегашните обвинители и судии. За очекување е прочистување на политичко обременото судство и обвинителство, и независно каков ќе е исходот на овие судења, задолжителна би била целосна ревизија на процесот, како за обвинетите, така и за судиите и обвинителите, додава тој.

Коментарите меѓу оние кои ги познаваат состојбите со години во судството се дека некои судии се чини мошне скапо ќе ги чини ветеното унапредување, а некои обвинители кои нечесно и со прекршувања ги заработуваат 3 илјади евра месечна плата многу веројатно ќе ги даваат за адвокати, не толку далеку од денес, пишува порталот.

Најнови вести