Владата на последната седница ја усвоила одлуката за разрешување на директорот на Царина, Горан Сугарески.
-На оваа седница Владата ја прифати одлуката на Комисијата за именување, Горан Сугарески да го разреши од должноста в.д. директор на Царинска управа, информираат од Владата.
На оваа позиција Владата ја именува Славица Котиров, досегашен заменик-директор.