Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески не очекува да биде меѓу функционерите кои ќе бидат разрешени, како што најави неодамна премиерот Зоран Заев, но вели дека ќе ја почитува евентуалната таква одлука.
-Искрено не очекувам. Меѓутоа ќе ја почитувам секоја одлука на премиерот врз база на неговите анализи што ги прави за мојата работа, изјави Сугарески, одговарајќи на новинарски прашања при увидот на реконструкцијата на регионалниот пат Таор- Драчево.