среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Суви коловози на патиштата, градежни работи на Подмоље-Мислешево

Суви коловози на патиштата, градежни работи на Подмоље-Мислешево

Поради изведување градежни работи на магистралниот пат А2 од Подмоље до с. Мислешево, на 26.02.2020 во периодот од 11:00 до 15:00 часот сообраќајот на тој потег ќе се одвива по Р-1208 (стариот пат). На самото место ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

ДОО “Стентон Градба” – Битола известува дека поради изведување на градежни работи, поточно санација на свлечиште (одрон) на регионалниот пат Р1102, делница Велес-Градско (транзитен дел низ Велес) од 24.02.2020 г. ќе има времено изменет режим на сообраќај се додека траат градежните работи.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Најнови вести