петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Свечено затворање на „Летниот кампус 2022“ во Криволак

Свечено затворање на „Летниот кампус 2022“ во Криволак
илустрација

На Армискиот полигон „Криволак“ денеска од 10 часот ќе се одржи затворањето на „Летниот кампус 2022“ во организација на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“, соопштија од Министерството за одбрана.

На затворањето на меѓународниот академски и одбранбено-безбедносен проект „Летен кампус 2022“ ќе биде изведена показна вежба, која ги вклучува сите вежбовни активности реализирани во изминативе две недели.

– На овогодинешниот „Летен кампус“, учествуваат 90 студенти и питомци од 16 сојузнички и партнерски земји, од Албанија, Австрија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Германија, Хрватска, Италија, Косово, Латвија, Црна Гора, Норвешка, Полска, Романија, САД, Унгарија и од Северна Македонија кои за време на двонеделната обука имаа можност да учествуваат и да дадат активен придонес во реализација на симулирани мултинационални операции во поддршка на мирот во фаза на стабилизација, реконструкција и градење мир, наведуваат од Министерството за одбрана.

Од Министерството за одбрана дополнуваат дека на свеченоста ќе присуствува министерката за одбрана, Славјанка Петровска, заедно со високи претставници од Генералштабот и од Министерството за одбрана.

Најнови вести