вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведоци од автобусот на „Дурмо Турс“: Возачот во неколку наврати разговараше на телефон и воопшто не сопираше

Сведоци од автобусот на „Дурмо Турс“: Возачот во неколку наврати разговараше на телефон и воопшто не сопираше

Денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци во која на 13 февруари годинава загинаа 16 патници. На рочиштето се повикани очевидци присутни во автобусот на компанијата „Дурмо турс“.

Сведокот Лулзим Далипи, кој седел во првиот ред, рече дека возачот, Маноли Трифуновски, шестообвинет во случајот, на денот на трагедијата во неколку наврати го користел мобилниот телефон, од поаѓањето од скопската автобуска станица до патарината кај Глумово, пренесува Алсат М.

Според другите сведоци, во моментот на несреќата возачот воопшто не сопирал. Свој исказ треба да дадат уште петмина сведоци.

Најнови вести