сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведок на денешното судење за настаните на 27 април: ВМРО-ДПМНЕ беше поддржувач, а не организатор на протестите

Сведок на денешното судење за настаните на 27 април: ВМРО-ДПМНЕ беше поддржувач, а не организатор на протестите

Сведокот предложен од ОЈО Антонио Кочков денеска на судењето за настаните на 27 април ги сруши сите тврдења на Русковска дека ВМРО-ДПМНЕ бил организатор на протестите.

Со оваа негова изјава се побива една од клучните тези во обвинението на Русковска.

Покрај ова, обвинителката на денешното судење инсистираше Кочков да каже дека ВМРО-ДПМНЕ е организатор, нешто што тој сведочејќи под заклетва категорично го одби.

Кочков кажа дека знаел за јавната поддршка на ВМРО на протестите, потенцирајќи дека и лично тој како човек ги поддржувал и редовно ги посетувал.

Еден од судиите на денешното судење побарал сведокот како заклучок да направи уште еднаш јасна динстинкција дали ВМРО-ДПМНЕ поддржувало или организирало протести, на што сведокот јасно кажа дека партијата поддржувала, а не ги организирала.

Рускоска видно нервозна од неуспехот во судницата по завршетокот на рочиштето набрзина ја напушти зградата без да даде никаква изјава, нешто што е реткост знаејќи колку сака медиумско внимание што го потврди и Боки 13 кој кажа дека Вилма нарачувала тв екипи да снимаат кога повикува луѓе кои не и се допаѓале на разговори во Обвинителството.

Најнови вести