среда, 20. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Сведок: Со мои раце извадив 4 мртви тела од несреќата, во такви моменти не размислуваш…

Сведок: Со мои раце извадив 4 мртви тела од несреќата, во такви моменти не размислуваш…

Бројни сведоштва на луѓе кои ги раскажуваат трагичните детали од несреќата која во смрт однесе 14 животи. Според последните информации само двајца се наоѓаат во критична состојба кои се сместени на Ургентниот центар и лекарите се борат за нвните животи.

Трудницата која официјално потврдија дека има 28 години е во стабилна состојба. Денес и утре, 14 и 15 февруари се прогласени за денови на жалост во Македонија, додека Гостивар ќе тажи три дена.

На социјалната мрежа Твитер, сведок раскажува како со свои раце извадил мртви тела од автобусот кој летна во провалија.

„Со мои раце извадив 4 мртви тела и 2 повредени од несреќата кај Карпалак. Во такви моменти не размислуваш дали е Албанец, Македонец, Ром, во такви моменти човек се покажува колку е човек…“

Најнови вести