Во Кривичниот суд во Скопје денеска сведокот вештак Страхил Глигоровски даде изјава во однос на вештачењето во случајот Тенк.
Тој рече дека бил ангажиран од странска подружница во Скопје, од фирмата ЕОС Консалтинг АД Рим од Италија.
На вештачењето не била присутна одбраната и сведокот потврди дека при вештачењето утврдено е дека компанијата од каде е купено блиндираното возило направила вообичаен профит, односно немала екстра добивка.