Сведок во случајот „Титаник“, денеска потвди дека македонските граѓани од Албанија ги исполнувале условите за добивање лични карти.
-Лицата, односно граѓаните кои доаѓаа кај мене за сликање за добивање на лични карти имаа државјанство и пријавено живеалиште. Така да јас неможев да ги одбијам. Тие ги исполнуваа условите за добивање на лични карти, рече во судница сведокот Ацко Секуловски, кој во 2012-2013 бил вработен во управни работи при МВР Кичево.