сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведок за случајот „Насилство во Центар” со претпоставки сведочи за настаните

Сведок за случајот „Насилство во Центар” со претпоставки сведочи за настаните

Во Кривичен суд денеска се сослушуваат два сведока на СЈО за случајот „Насилство во Центар” , кои биле присутни на настаните во општината, кога два ДУП-а беа поништени на седница во 2013 година, што предизвика револт кај граѓаните, па поради тоа се случи демолирање на општинските бараки.

Сведокот Ѓошо Вангелов, кој во 2013-та бил советник од редовите на СДСМ во општина Центар, не видел точно што прави обвинетата Даниела Рангелова со телефонот но, бидејќи цело време го држела својот мобилен во рака, тој претпоставува дека таа диригирала со револтираните граѓани во дворот. Сведокот раскажуваше и настани кои не ги видел па адвокатот Стерио Зиков реагираше.

Тој го замоли судијата сведокот да не изведува заклучоци за настани и случувања. Вангелов цело време претпоставуваше факти, а не зборуваше за тоа што видел.

Во текот на сведочењето сведокот во еден момент почна да држи политички говор на повисок тон, односно се сврте кон одбраната и почна да вика, па реагираше судијата. Обвинителот Фатиме Фетаи го бранеше дека бил возбуден, но судијата беше дециден дека такво однесување пред советот не е дозволено.

На минатото рочиште се случи преседан, сведокот на СЈО си замина на сред испрашување од одбраната. Сведокот Цветанка Симоновска по паузата од 15 минути ја напушти судницата  бидејќи наводно имала работа. По ова реагираа адвокатите, како и обвинетиот Никола Груевски кој бараше да се врати сведокот на испитувачката клупа со цел да се исцрпат сите прашања.

Обвинетите во овој случај, поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ Даниела Рангелова и уште девет лица пред Судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

Најнови вести