вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведоштва на затворениците: Страв и паника владее по вториот смртен случај, ќе излеземе на протест

Сведоштва на затворениците: Страв и паника владее по вториот смртен случај, ќе излеземе на протест

Страв и паника владее во истражниот затвор Шутка во Скопје откако вечерва беше регистриран втор смртен случај на затвореник за само една недела.

Иако од затворот информира дека починатото лицето било наркозависник, затвореник за Сител телевизија вели дека починатото лице било во изолација бидејќи претходно бил сместен во иста соба со затвореникот кој што почина од корона вирус.

Тој додава дека надлежните органи лажат дека им било извршено тестирање, додавајќи дека им била измерена само температура.

Затворениците најавуваат протест во кои што од другата страна на затворот ќе бидат присутни и нивните семејства.

Во затворот нема никакви услови. Значи за една недела умираат двајца затвореници, а вечерва дури хитно се вадат луѓе кои што се болни од корона вирус. Во крилото каде што умре денеска нашиот другар кој што лежеше затвор е вп исто крило каде што умре претходниот, значи уште има луѓе таму. Овој што умре денеска беше во карантин изолиран во соба затоа што спиел со тој поранешниот. Имаме страв и се плашиме многу за нашето здравје. Ни немаат земено тестови за Ковид 19, значи се е лага, ни имаат измерено само температура. Ако утре до 12 часот нема одговор од нивна страна, цел затвор од Шутка, сите затвореноцо сме сложни значи веднаш стануваме и тргнуваме до влезната бела капија и ќе протестираме. Значи најавуваме мирни протести а од другата страна и нашите семејства ќе бидат повикани бидејќи и тие се исплашени, вели еден од затворениците.

Најнови вести