вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Сведоштва од Скопје за земјотресот: За кратко почнаа да паѓаат помали предмети, ужасно беше

Сведоштва од Скопје за земјотресот: За кратко почнаа да паѓаат помали предмети, ужасно беше

Силниот земјотрес кој беше почувствуван во Македонија предизвика паника меѓу скопјани. Голем дел од нив кои живеат во станови, велат дека потресот траел скоро 30 секунди. Според нив, откако еднаш запрел, потоа продолжил да тресе. Тие објаснуваат: „зградата се клатеше лево-десно“.

„Прво почна како мал потрес, мислевме не е ништо страшно, бидејќи секогаш се осеќа кога има земјотрес, а живееш во зграда. За кратко почнаа да паѓаат помали предмети, лустерите се поместуваа, како хорор филм. Сето ова за момент. По некои 10 секунди запре, па потоа, за кратко продолжи да тресе. Се слушаше паника и од кај соседите, буквално ужасно. Ова посети на ужасните земјотресите од пред некоја година, кога имаше и повредени.. Ако се повтори, со сигурност ќе излеземе надвор и нема да останеме дома“, вели читател на „Скопје1“.

Други, објаснуваат дека нивните деца биле потресени од силниот земјотрес.

„Одеднаш, почна се да се тресе. Се сѐ случи за момент. Веднаш излеговме надвор, за секој случај“, објаснуваат жители на Скопје кои го напуштиле домот.

Според првичните информации потресот е со јачина од 5.8 степени според рихтер, а епицентарот е на 130 километри јужно од Скопје, во Грција.

По силниот потрес следеа уште два помали од 3,5 и 4,2 степени според рихтер.

Најнови вести