недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светска банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата

Светска банка останува посветена на поддршката на приоритетите на Владата

На денешната 21-ва седница на Владата беше презентирано портфолиото на Светска банка за Република Македонија за тековниот период, како и за наредната фаза на соработката со оваа меѓународна финансиска институција.

Во презентацијата на Линда Ван Гелдер, регионална директорка на Светска банка за Западен Балкан и на Масимилијано Паолучи, директор на Светска банка во Северна Македонија, беше истакнато дека банката продолжува да ги следи приоритетите на Владата, со поддршка што од 1991 години до денеска изнесува 2,8 милијарди долари, соопшти владината прес-служба.

Актуелното портфолио на Република Македонија опфаќа девет големи проекти вредни 480 милиони долари кои опфаќаат проекти од автопатната, магистралната и локалната инфраструктура, проекти за унапредување на образованието, во здравството, како и проекти за социјална инклузија.

Светска Банка, беше истакнато на презентацијата, заедно со Владата, останува посветена и на континуитетот на поддршката на платниот биланс на финансискиот систем и особено во проекти за инвестирање во човечкиот капитал во образование, социјална заштита и здравството, информираат од владината прес-служба. (МИА)

Најнови вести