четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Светски градоначалници идната недела ќе дебатираат на Меѓународен форум на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Светски градоначалници идната недела ќе дебатираат на Меѓународен форум на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје

Франција, Израел, Словачка, Бугарија-градоначалници од овие земји идната недела во Скопје ќе ги споделат искуствата со менаџирањето на нивните општини.

Универзитетот за туризам и менаџмент ќе биде домаќин на Меѓународен форум на градоначалници од целиот свет.

Како македонските општини да станат модерни?  Што е клучно за стратешко планирање на финансиите и како да се креираат нови проекти за граѓаните? Ова се темите кои ќе се отворат на Меѓународниот форум, на кој покрај странските гости, ќе учествуваат и домашни градоначалници, универзитетски професори и реномирани експерти. Домашната јавност од близу ќе може да ги слушне меѓународните искуства од докажани професионалци во оваа област.

Од најмладиот градоначалник на израелскиот град Бат Јам и советник на поранешниот претседател Доналд Трамп ќе ги слушнеме предизвиците кои ги совладал на патот до успехот на градот со кој менаџира.

Во Скопје доаѓа и специјалистот за меѓународни односи од Париз, д-р Жан-Ив Ками кој е специјален советник на градоначалникот на француската престолнина и професор на престижниот универзитет Џорџ Вашингтон од САД. Градоначалникот на општината Поважска Бистрица, Словачка, проф. д-р Карол Јанас кој е реномиран универзитетски професор, ќе ги пренесе искуствата од неговиот трет градоначалнички мандат.

На Меѓународниот форум ќе се зборува и за туризимот како сектор преку кој се прави најдобра меѓународна промоција на општините.

Најнови вести