На денешното рочиште за случајот „Т.Н.Т“ обвинителот Бурим Рустеми побара од судот раздвојување на постапката за обвинетиот екс градоначалник на Гази Баба Тони Трајковски, кој моментално е хоспитализиран на Клиниката за неврохирургија и членовите на комисијата.
Според одбраната тоа е апсурд, бидејќи во обвинтелниот акт стои синџир на потикнување, а обвинителството до сега не го сменил актот.
По пауза од 15 минути, судскиот совет одлучи да не ја раздвојува постапката за Тони Трајковски, Марика Зафировска, Насер Алев и Александра Димитриевска.