Попладнево е поставена табла со новото име Република Северна Македонија на владината зграда на Илинденска б.б.
-Таблата со новото уставно име е поставена еден ден пред посетата на грчкиот премиер Алексис Ципрас, прв грчки премиер кој доаѓа во официјална посета на државата од осамостојувањето. На таблата името е напишано на три јазици, на македонски, на албански и на англиски. Таблата е поставена на десната страна од влезот во зградата на владата, објави Телма.
Претходно на врвот на зградата стоеше натпис Влада на Република Македонија, но буквите беа симнати на 11-ти февруари, откако Собранието го смени уставното име по Преспанскиот договор.