недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тачи вели дека СДСМ во првиот круг на изборите освоила нешто над 100 илјади гласови

Тачи вели дека СДСМ во првиот круг на изборите освоила нешто над 100 илјади гласови

Моето мислење е дека на претседателските избори, граѓаните на Македонија гласаа на совршен начин, иако ве уверувам дека со овој резултат сите политички сили се незадоволни, истакна претседателот на ДПА во вечерашната делатната емисија “Клан дебат“ на телевизија Клан Македонија, која беше посветана на резултатите од првиот круг од претседателските избори.

– Владата излезе лошо со гласовите, најлошо од сите. Во рамките на Владата најлошо помина најголемата партија која ја раководи власта. Премиероот, со 100 илјади и нешто гласови, рече Тачи.

Тачи го коментираше и придонесот кој ДУИ го имаше на контото на Пендаровски, за што вели дека тие дале збор да придонесат за него но сепак толку им била силата.

– Моето мислење за ДУИ е дека не можеле повеќе. Не можеле. И ДУИ дале збор но толку им е силата. Да бидеме коректни, констатираше Тачи.

Тој додава дека резултатот од изборите треба да се анализира со искуство. Затоа што во Тетово и во тетовскиот регион, реалниот резултат ВМРО-СДСМ е 3 со 1, албанските гласови се тое кои што ја намалија разликата. Ја имаш општина Теарце вели Тачи, таму имаш 3.000 со 1.800 и ја имаш Лешок кај што резултатот е 3 со 1 во корист на кандидатот на ВМРО наспроти СДСМ.

Најнови вести