понеделник, 12. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Тајно дојде, тајно замина: По три часа, Јанева го напушти Обвинителството

Тајно дојде, тајно замина: По три часа, Јанева го напушти Обвинителството
слободен печат

По три часа поминати во Одделот за организиран криминал и корупција каде ексшефицата на СЈО, Катица Јанева ги разгледуваше доказите против неа во аферата „Рекет”, тивко и тајно, како и што беше донесена, така и си замина. Засега е непознато дали Јанева се изјаснила пред ОЈО во однос на обвинителниот акт, пренесува Слободен печат.

Јанева е третоосомничена во овој предмет. Вчера увид во доказите правеше првоосомничениот Бојан Јовановски, а второосомничениот Зоран Милевски е во домашен притвор. Од тројцата, ОЈО само за барањето на Милевски се согласи затворскиот, да му биде заменет со домашен притвор.

Најнови вести