недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таки Фити говореше дека Уставот не смее да се менува, сега вели дека мора да проголтаме едно горчливо апче и да прифатиме промена

Таки Фити говореше дека Уставот не смее да се менува, сега вели дека мора да проголтаме едно горчливо апче и да прифатиме промена

Договорот за промена на името за севкупна постигнат меѓу премиерите на Република Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, а потпишан од министрите за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, предизвика бура реакции во јавноста, во најголем дел од нив негативни.

Ставот на голем број граѓани за договорот кој вчера без присуство на опозициската ВМРО-ДПМНЕ беше ратификуван во Собранието, е дека овој договор е капитулантски, дека Македонија се откажува од многу работи кои и припаѓаат.

Истиот став како и голем број граѓани на државата го делеше и претседателот на МАНУ, Академик Таки Фити.

-Ерга омнес, односно име за севкупна употреба никако не смее да се прифати, бидејќи тоа значи менување на Уставот. Тоа носи обезличување на Македонците. Иредентизмот не може да биде оправдување за менување на Уставот. Нашата влада ќе мора да се избори за решението да не биде за севкупна употреба, ако сака тоа да биде достоинствено решение. Менувањето на Уставот и име за севкупна употреба ќе биде опасна ситуација, кажа неодамна на едно медиумско гостување на 6-ти мај претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Тој притоа додаде дека доколку се прифати име за севкупна употреба, тогаш МАНУ нема да се вика Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе треба да се прекрсти како и други национални институции, како Народната банка на Република Македонија, АРМ, Друштвото на писателите на Македонија, Фудбалската федерација на Македонија… Тоа, според него тогаш беше апсурдно.

Но, откако беше потпишан договорот, ставовите на Фити драстично се променија, тој сега од цврстиот став дека ерга омнес решение не смее да се прифати целосно го омекна својот став. Според него постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција е компромисно решение, со отстапки на кои морале да се согласат и двете страна, но дека Македонија нема друга развојна перспектива надвор од Европската унија и НАТО.

-Ова е компромисно решение што наметнува отстапки и како такво предизвикува незадоволство и кај двете страни. За МАНУ и за сите граѓани на Македонија особено значајно беше да се зачуваат идентитетските прашања. Македонскиот јазик, националноста, нашата култура и традиции и фактот што Грците ја признаваат нашата посебност, посебноста на македонскиот јазик како дел од групата јужнословенски јазици, сметам дека е добро, изјави Фити.

Од ставот дека никако не смее да се прифати ерга омнес решение, претседателот на МАНУ сега вели дека мораме да проголтаме едно горчливо апче, бидејќи не е лесно да се промени името на државата.

И покрај тоа што тој драстично го смени својот став, коментирајќи го договорот потпишан во Псаредес, потсети дека МАНУ во однос на прашањето за името имала јасни ставови кои ги има на нејзината интернет страна, како и оти Академијата учествувала во подготвувањето на аргументацијата околу преговорите на двете страни, особено по оние прашања што се третираа како црвени линии од страна на Грција.

Најнови вести