Јас се раководам од процедурите во Собранието. Факт е дека Законот е пристигнат и јас немам право за влијание врз предлогот, изјави спикерот Талат Џафери.
И додека лидерот на СДСМ, Зоран Заев, се заканува со нераспуштање на Законодавниот дом доколку не се донесе предлог-законот за ЈО, Џафери не е на таа линија.
„Ако има несогласувања, треба да кажат партиите и предлагачот да ги измени тие делови. Врз основа на тие материјали, јас во рок од еден час сум рекол дека ќе свикам седница, тоа и го сторив, свикана е за во 17 часот”, рече Џафери.
Тој истакна дека предлагачот, односно владата, до почнување на седницата да достават измени.
Џафери пуштил предлог-одлука за распуштање на Собранието и побарал од ДИК да се изјасни кога е оптималниот ден за распуштање на Собранието. Од таму му кажале дека оптималниот рок е 55 дена пред изборите, односно во понеделник.