среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ТАНЈУГ: СПЦ ќе и врачи Томос на МПЦ-ОА за автокефалност

ТАНЈУГ: СПЦ ќе и врачи Томос на МПЦ-ОА за автокефалност

Во соборниот храм во Белград во тек е света архијерејска литургија која ја служат Патријархот српски Порфириј и Aрхиепископот македонско-охридски Стефан со владиките на двете цркви, пренесува Танјуг.

Според овие информации на Танјуг, по завршувањето на оваа литургија, патријархот на СПЦ се очекува да му го врачи томосот на апрхиепископот Стефан за признавање на автокефалноста на Македонската православна црква.

Претходно, како што потсетуваат српските медиуми, 42 епископи на СПЦ гласале за признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

После првата заедничка литургија на МПЦ и СПЦ во Скопје, патријархот Порфириј, ја соопшти одлуката на Саборот кој „едногласно и еднодушно излегол во пресрет на молбата на МПЦ-ОА“ и ја признал нејзината автокефалност.

Со признавањето на автокефалноста на МПЦ-ОА од страна на СПЦ, се стави крај на 55-годишниот црковен раскол.

Најнови вести