сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Таравари најавува дека Алијансата ќе биде дел од новата Влада

Таравари најавува дека Алијансата ќе биде дел од новата Влада

„Што се однесува до албанскиот политички блок, се надевам на долгоочекуваното ослободување од ДУИ. Па, како можеме да зборуваме за напредок и промени кон добро кога 18 години живееме во еднопартиски систем, во кој корупцијата, пресметките, калкулантството и реваншизмот биле главните „адути“ на располагање?, изјави Арбен Таравари, градоначалник на Гостивар и генералниот секретар на Алијансата за Албанците, во интервју за Фокус.

Не можам со сигурност да го прогнозирам развојот на случувањата на изборите во македонскиот блок, но јасно е дека ќе имаме неизвесна политичка битка, вели Таравари.

Тој додава дека преговараат со БЕСА и Алтернатива за предизборна коалиција, воедно истакнувајќи дека потребите и расположението на гласачите упатуваат на тоа дека Алијансата ќе биде дел од коалицијата која што ќе ја победи ДУИ.

– Формирањето на Влада зависи од две работи – бројките и компатибилноста во програмите. Апсолутно не исклучуваме можна соработка со некоја од двете поголеми партии во македонскиот политички блок доколку се исполнат овие услови. Посакуван партнер гледаме во тој којшто ќе покаже дека иднината на оваа држава му е многу поважна отколку битката за да се застане на тронот – посочува Таравари.

Најнови вести